| четврток, 6 декември 2018 |

Ветувањата се исполнуваат: Светиниколското село Мустафино доби водовод

gruevski-erdzelija

По 23 години Мустафино доби водовод. Пред дваесетина дена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, беше кажано дека водоводот е во завршна фаза и потребно е да се тестира секундарната мрежа.

По разговорот со градоначалникот, Груевски им посочи на граѓаните дека ова нивно барање ќе биде исполнето.

– Доколку не се појават дефекти, за 10 дена ќе проработи водоводот. Ако има дефекти ќе бидат потребни уште 10 дена плус за да се отстранат дефектите, рече Груевски на 30-ти септември.

Водоводот е започнат во 1983 година, направена е бушотина и запоставен е проектот. Сега се направи нов цевкофод, се санираа сите дефекти, се поврзаа сите системи. Регулационот вентил обезбеди да нема дефекти предизвикани од притисокот од водата.

Се најави и изградба на нова канлизација која ќе стартува наредната година.

– Во новата година ќе почнеме со изработка на геодетски елаборат, со изработка на проектна документација која ќе ја направиме за да можеме во јуни 2017-та да стартуваме со обезбедувањето на средства, со изградба на канализационата мрежа. Едно по едно ќе ги решаваме работите затоа што жителите го заслужуваат тоа, најави градоначалникот.

Тоа е заеднички проект на владата и општината Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top