По 23 години Мустафино доби водовод. Пред дваесетина дена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, беше кажано дека водоводот е во завршна фаза и потребно е да се тестира секундарната мрежа.
По разговорот со градоначалникот, Груевски им посочи на граѓаните дека ова нивно барање ќе биде исполнето.
– Доколку не се појават дефекти, за 10 дена ќе проработи водоводот. Ако има дефекти ќе бидат потребни уште 10 дена плус за да се отстранат дефектите, рече Груевски на 30-ти септември.
Водоводот е започнат во 1983 година, направена е бушотина и запоставен е проектот. Сега се направи нов цевкофод, се санираа сите дефекти, се поврзаа сите системи. Регулационот вентил обезбеди да нема дефекти предизвикани од притисокот од водата.
Се најави и изградба на нова канлизација која ќе стартува наредната година.
– Во новата година ќе почнеме со изработка на геодетски елаборат, со изработка на проектна документација која ќе ја направиме за да можеме во јуни 2017-та да стартуваме со обезбедувањето на средства, со изградба на канализационата мрежа. Едно по едно ќе ги решаваме работите затоа што жителите го заслужуваат тоа, најави градоначалникот.
Тоа е заеднички проект на владата и општината Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)