Откако пред еден месец Анџелина поднесе документи за развод, тие воопшто не комуницираат, а Бред само еднаш ги има видено своите деца, пишува магазинот „Пипл“. Преговорите меѓу нив ги водат нивните адвокати.
Како што изјавил пријател близок до двојката, ситуацијата во семејството била тажна, а додека Анџелина барала целосно старетелство над децата, Бред бара да биде заеднично.
– Ситуацијата помеѓу нив е многу напната. Тоа е нешто што допрва ќе се решава – тврди изворот.
Според него, целата ситуација пред разводот кулминирала поради односот на Бред со 15-годишниот Медокс, кој Анџелина го посвои во 2002 година, две години пред да ја започне врската со Пит. Тој воопшто не сакал да го види актерот и велел дека воопшто не го чувствува како свој татко, а токму ладниот однос на Бред кон него бил капката што ја прелила чашата на Анџелина пред да се одлучи да и стави крај на врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.