| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: На Amazon врие од „фалц“ Apple производи

Apple упати официјално предупредување до сите корисници да внимаваат кога купуваат уреди со нивниот бренд од Amazon бидејќи на овој онлајн сервис за продажба има голем број на измамници кои поставуваат лажни огласи, но и фалсификувани електронски уреди само за да ги искористат дупките во поставувањето на објави.

Речиси 90% од сите кабли, полначи и додатоци за iPhone и iPad се фалсификувани и имаат потекло од Кина и други азиски држави во кои масовно се произведува фалц роба. На тој начин корисниците освен што се измамени дека купуваат уред со „јаболко“ се доведуваат и во опасност бидејќи нивната батерија може да експлодира.

Apple веќе ги започнал првите судски процеси против лажни добавувачи, а засега нема поведено постапка против онлајн сервисот Amazon.

извор: фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top