| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна шофершајбната на авионот: Фенербахче принудно слета во Будимпешта

Турските медиуми јавуваат дека штетата настранала при удар со птица за време на летот

Авионот со кои фудбалерите на Фенербачхе полетаа кон Манчестер за утрешниот меч со Јунајтед во Лига Европа пред малку принудно слета во Будимпешта.

Според турската ТВ станица НТВ, причина за пренасочување на леталото биле пукнатините на ветробранското стакло што ги забележал пилотот по што следувала брза реакција и слетување во Унгарија.
Други турски медиуми јавуваат дека шофершајбната настрадала при удар со птица за време на летот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top