| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне: Гризман и Караско во Атлетико станаа мажи

diego simeone

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го истакна развојот на Антоан Гризман и Јаник Караско пред утрешниот дуел со Ростов во Лигата на шампионите.

– Некои од нив дојдоа како момчиња, созреаја лично и професионално тука и станаа мажи, како Гризман и Караско. Играчите кои ги носиме имаат талент, но од нив зависи како ќе се развиваат, физички и тактички, кажа Симеоне.

Гризман, кој беше најдобар стрелец на Европското првенство во Франција, сезонава имаше одличен старт со шест гола и три асистенции. Караско, пак, беше стрелец на победосниот гол против Баерн Минхен во ЛШ и потоа постигна хет-трик во победата од 7:1 против Гранада во саботата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top