Волфсбург ја прекина соработката со стратегот Дитер Хекинг, а функцијата тренер привремено ќе ја извршува Валериен Исмаел. Низ медиумите во Германија се појавија информации дека поранешниот стратег на Тотенхем и Зенит, Андре Вилјаш-Боаш би можел да седне на столчето на овој бундеслигаш.
Португалецот ги остварил првите контакти со раководството на „волците“ и постои реална шанса тој да биде нов предводник на клубот. Вилјаш Боаш минатиот месец ја одби понудата на Хамбургер, но овојпат многу посериозно ја разгледува опцијата за преселба во Бундес-лигата.
Тој после завршувањето на минатата сезона си замина од Зенит, а на негово место дојде поранешниот стратег на Шахтјар, Мирчеа Луческу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.