| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Спасовски го полни МВР со хулигани за предизборни инциденти?

По масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваа над 40.000 граѓани или неколкупати повеќе одошто на срамниот марш за федерализација на Македонија, во организација на СДСМ, Сорос, а што го предводеа аболираниот криминалец Зоран Заев и обвинетиот во „Пуч“ Зоран Верушевски, стравот од извесниот пораз кој доаѓа на 11 декември предизвикал вистински хаос на „Бихаќка“, а тоа го почувствувале вработените во МВР, на чиешто чело е техничкиот министер Оливер Спасовски.

analiza215-2

Вчера, на денот кога се распушта Собранието, Спасовски незаконски разместувал професионални полициски кадри и на нивно место инсталирал партиски послушници, објави Прес 24.

Само вчера, спротивно на Законот и системот за кариера во МВР, техничкиот министер Спасовски разместил 17 актуелни старешни во единицата Алфа, а на нивно место донел 36 партиски послушници со двојни решенија. Со новиот потег на Спасовски во Единицата за прв одговор и интервенција, која е задолжена за прв одговор најчесто во уличен криминал, клучни позиции добија партиски послушници со дебело полициско досие.

alfi

1. Игор П. – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за киднапирање и поседување оружје

2. Слободан Ѓ. – Лути – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за семејно насилство

3. Горан А. – Турче – единица Алфа –  кривична пријава за престрелка за која е условно осуден. Се јавуваат и други пријави во крим евиденцијата

4. Никола В. – единица Алфа – Кривична пријава за тепачка со смртни последици. Осуден на ефективна затворска казна, а потоа помилуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски

5. Далибор Т. – претходно избркан од единицата Алфа под соменине за кражба на запленети патики, сега самостоен инспектор.

6. Горан С. – Кисел – самостоен инспектор – има забрана за безбедносен сертификат и не смее да има увид во класифицирани информации во кои спаѓа и наредба за вршење служба.

7. Алмир Т. – виш инспектор, избркан од единицата Алфа поради решенија од дисциплинската комисија за прераспределување

8. Злате С. – дел од единицата Алфа – кривична пријава за изнуда и грабнување, осуден на условна затворска казна

9. Горан А. – лидер на Алфа тим – кривична пријава за изнуда и грабнување

Освен во единицата Алфа, Спасовски направи целосен хаос и во други организациски единици на МВР.

Според информациите до кои дојде порталот целиот Дежурен оперативен центар од Велес (ДОЦ) Спасовски го преместил во крим техника, а во исто време не ги пополнил нивните места. Искусни полициски службеници Прес 24 велат дека поради неспособноста на Спасовски и неговото апсолутно непознавање на работењето на МВР, сега СВР Велес се соочува со сериозен проблем и во прашање е доведена неговата функционалност, од што најголема штета може да се почувствува на грбот на граѓаните. За Спасовски воопшто не било важно како ќе функционира велешкиот Сектор за внатрешни работи, туку тој единствено се грижел да ги вдоми партиските кадри унапредувајќи ги надвор од сите закони и процедури во МВР.

По овој потег на Оливер Спасовски логично се наметнува прашањето дали Спасовски го подготвува МВР за предизвикување предизборни инциденти, со што би се фрлило дамка врз изборниот процес и би се дискредитирале самите избори, за кои СДСМ однапред знае дека ќе ги изгуби. Дали на овој начин, преку инсталирање  на криминалното подземје во МВР СДСМ бара начин да ги поништи изборите на 11 декември кога веќе не успеа да избега и уште еднаш да го одложи.

Поседувањето на позицијата министер на најважната позиција во безбедноста во државата за СДСМ и Сорос е одлична прилика преку секретарот на партијата Оливер Спасовски да инсталира докажани криминалци кои ќе овозможат подривање на државата и поништување на изборите со што СДСМ ќе си обезбеди алиби за поразот во декември.

caus i oliver

Не смее да се превиди дека со тргањето на професионалците и со поставувањето партиски кадри во МВР, Спасовски се обиде да ги сокрие своите врски со Чаушот, кои излегоа на виделина и тоа токму за случајот кој што го најави како приоритетен кога го преземаше министерството во првиот мандат.

Блиските врски на СДСМ и криминалното подзмје не само што не се тајна, туку се и проверена опција за предизвикување криза и нестабилност.

spasovski-bliznak

oliver sdsm bliznak

Спасовски не најде време да искаже јавна благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили кои лани ги положија своите животи во Диво Насеље во тешка битка против терористите. Оливер Спасовски е човекот кој наместо да ги посети полицајците кои беа повредени во жестоката битка во Диво Насеље, заедно со партискиот лидер Зоран Заев правеше насмеано селфи на местото каде што загинаа бранителите.

oliver-spasovski-kumanovo

Викендов Спасовски се обиде да го заташка и насилството на личниот телохранител на Зоран Заев, Александар Трајков, кој околу 4 часот изутрина во дискотеката Платиниум нападнал десетина момчиња и девојчиња. Овој случај намерно беше изоставен од редовниот билтен што МВР им го испраќа на медиумите, со цел да се заташка случајот.

g2

Ова не е прво дивеење на обезбедувањето на Заев и на СДСМ. За потсетување, неодамна обезбедувањето на СДСМ физички го нападна и малтретираше фоторепортерот на „Република“, за што од СДСМ се обидоа да го негираат случајот.

 

selfi_thumb_medium500_282

 

zaev_vo_diva_naselba

Република прашува дали ова е демократијата и слободата за која зборуваат СДСМ, Сорос и нивните платени борци за човекови права. Дали тие се чувствствуваат слободно и сгурно додека криминалци се грижат за нивната безбедност? Исто така, ова ли е победата за која го убедуваат народот дека ќе ја извојуваат на 11 декември? За каква победа зборува СДСМ кога наместо професионалци во првите редови испраќа криминалци?

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top