| четврток, 6 декември 2018 |

Снег веел 105 дена, Вардар го поплавил градот – Факти што не сте ги знаеле за Скопје

sk-bus

Најчудните работи што се случиле во Скопје во периодот од 1955 до 1963 година се: „чудниот снег“ „поплавата“ и „земјотресот во Скопје“.Сведочењето на сите три катастрофи ги раскажуваа старите Скопјани кој при сеќавањата на тие тешки денови со многу храброст се навраќаа за да ни ја доловат таа ужасна слика…

(1955/56-година Скопје) Во Скопје под чудни околности без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку луѓе се сеќаваат. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56. Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на снежната прекривка.

95043-1963-snow

(1962-година Скопје) На 16-ноември поради обилните врнежи од дожд реката Вардар го поплавила Скопје. Поплавени биле околу 5.000 куќи. а скоро сите Скопски населби биле под вода. Според раскажувањата на сведоците, поплавата не била предизвикана само од реката Вардар, туку и од Маркова река во Драчево каде целата населба била под вода. За среќа нема евидентирано ни една жртва во поплавата, но вистинската цена од несреќата се исплатила после неколку месеци поточно во 1963-година.

(1963-година Скопје) Утрото го најавувало големиот христијански празник „Св Архангел Михаил“ на 26-јули 1963 година. Во 05 часот и 17 минути, најверојатно како реакција од поплавите и повлекувањето на водата од почвата, се случила вистинка катастрофа кога Скопје било срамнето со земја од катастрофалниот скопски земјотрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top