| четврток, 6 декември 2018 |

Ето се обложи со навивач: Ако не завршиме во топ 10, ќе добиеш 100.000 евра

eto

Тимот на камерунската фудбалска ѕвезда, Самуел Ето, Анталијаспор игра лошо на стартот од новата сезона во првенството на Турција каде нема победа по седум кола и е на дното на табелата. Вчера Анталијаспор имаше прилика конечно да стигне до цел плен во дуелот со Ризеспор, но гостите во судиското надополнување се изборија за 1-1.

Домашните фанови беа гневни по новото разочарување и ги исвиркаа фудбалерите. По крајот на натпреварот, играчите на Анталијаспор разговараа со фановите и се обидоа да ги убедат дека нема потреба за загриженост.

Самуел Ето отиде чекор понатаму и се обложи со еден од навивачите, а поранешната ѕвезда на Барселона вети дека ќе искешира 100.000 евра доколку Анталијаспор не заврши во топ 10.

– Ќе завршиме помеѓу топ 10, убеден сум во ова, верувај ми. Ќе ти дадам 100.000 евра доколку не завршиме во топ 10, рекол Камерунецот по што паднала кладбата.

Според медиумите во Турција, фанот со кој Ето се обложил се вика Мехмет Акдениз, а напаѓачот пред да го напушти теренот му го земал и телефонскиот број.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top