| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанските власти го обвинија и Самуел Ето за затајување данок

samuel-eto

Камерунскиот фудбалер Самуел Ето вчера доби известување дека шпанското обвинителство го обвини со казна затвор во времетраење од 10 години поради неплаќање на данок.

Во периодот кога настапувал во Барселона (2006-2009) Ето затаил данок во износ од 3,5 милиони евра. Обвинителот побарал десетгодишна затворска казна, а доколку биде прогласен за виновен, Камерунецот ќе треба да плати и парична казна во износ од 14 милиони евра.

Ето го носи дресот на Анталијаспор во Турција и воопшто не се огласил по информацијата од Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top