| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре привремен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

gjorce

Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности од утре целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружната крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булеварот „Македонска војска“.

Моторниот сообраќај и возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, а се движат од Дексион кон Центар ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров,“ по булеварот „Македонска војска“, кај кружната крстосница, црквата „Св Петар и Павле“, по булевар „Партизански одреди“ и продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. Ќе продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Македонска војска“ по улицата „Ѓорче Петров“ и продолжуваат по својата траса.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top