| четврток, 6 декември 2018 |

До­кто­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­тик е до­бар до­ктор

Што тре­ба да сто­ри ле­ка­рот, а што па­ци­ен­тот? Да­ли се пра­ват хе­мо­кул­ту­ри од стра­на на до­кто­ри­те, кол­ку гра­ѓа­ни­те се за­поз­на­е­ни со тоа, што тре­ба да зна­ат за ан­ти­би­о­гра­мот и кол­ку е ва­жен тој во це­ла­та по­стап­ка? Пациентите имаат страв од одре­де­ни симп­то­ми, кои не се ни бо­ле­сти, а тоа е бол­ка­та во гр­ло, каш­ли­ца­та, на­стин­ка­та, и ба­ра­ат ан­ти­би­о­тик штом ќе по­се­тат ле­кар. До­кто­ри­те што се пре­оп­то­ва­ре­ни со се­којд­нев­ни­те об­вр­ски и со го­лем број па­ци­ен­ти мно­гу по­лес­но се од­лу­чу­ва­ат да пре­пи­шат ан­ти­би­о­тик. И тоа е тој за­тво­рен круг, вели д-р Катерина Ставриќ од Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на при Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је во интервју за „Република“.

До­кто­ри­те по­ста­ву­ва­ат ди­јаг­но­за врз ос­но­ва на прег­ле­дот на па­ци­ен­тот. Во на­ши ус­ло­ви, ре­ла­тив­но ре­тко се ко­ри­стат до­пол­ни­тел­ни ди­јаг­но­стич­ки те­сто­ви за­тоа што, освен крв­на сли­ка и ми­кро­би­о­ло­шки ис­пи­ту­ва­ња, дру­ги­те ис­пи­ту­ва­ња не ги по­кри­ва Фон­дот за здрав­ство. Ре­зул­та­ти­те од ми­кро­би­о­ло­шки­те ис­пи­ту­ва­ња се че­ка­ат два-три де­на, та­ка што тоа не им по­ма­га мно­гу на ле­ка­ри­те во до­не­су­ва­ње­то на од­лу­ки­те да­ли ста­ну­ва збор за ви­рус­но или за ба­кте­ри­ско за­бо­лу­ва­ње. По­сто­јат дру­ги те­сто­ви и се на­мет­ну­ва по­тре­ба­та тие да би­дат на то­вар на Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње. Тие се бр­зи и мо­же да му по­мог­нат на до­кто­рот во ди­јаг­но­за­та. Што би им пре­по­ра­ча­ла на па­ци­ен­ти­те? До­кто­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­тик е до­бар до­ктор! Ве­ру­вај­те му! Не ба­рај­те ан­ти­би­о­тик! Тој нај­со­вес­но и нај­про­фе­си­о­нал­но по­ста­пу­ва. Че­сто и па­ци­ен­ти­те ако еден до­ктор не им пре­пи­ше ан­ти­би­о­тик, одат кај друг кој ќе го сто­ри тоа. Пос­лед­ни­те го­ди­ни не­ка­ко се на­ру­ши до­вер­ба­та ме­ѓу ле­ка­ри­те и па­ци­ен­ти­те, па тре­ба да ја вра­ти­ме. Но, мо­ра да се вра­ти до­вер­ба­та и ме­ѓу до­кто­ри­те и дру­ги­те спе­ци­ја­ли­сти. За­тоа што ако не се да­де ан­ти­би­о­тик, а се слу­чи комп­ли­ка­ци­ја, тоа не е гре­шка на до­кто­рот. Пре­вен­тив­но­то да­ва­ње ан­ти­би­о­тик не зна­чи де­ка ќе пре­ве­ни­ра по­ја­ва на комп­ли­ка­ции. Комп­ли­ка­ци­ја­та ќе се слу­чи и со ан­ти­би­о­тик и без не­го. По­го­ле­ми се не­са­ка­ни­те ефе­кти од зло­у­по­тре­ба­та на ан­ти­би­о­ти­ци­те.

Целото интервју со д-р Ставриќ можете да го прочитате на овој ЛИНК

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top