| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Катерина Ставриќ: Кај нас мно­гу се ко­ри­стат ан­ти­би­о­ти­ци со ши­рок спе­ктар, а тоа во­оп­што не е до­бро

Ед­на од при­чи­ни­те за на­ста­ну­ва­ње на ан­ти­ба­кте­ри­ска­та ре­зи­стен­ци­ја е ток­му ко­ри­сте­ње­то ан­ти­би­о­ти­ци со ши­рок спе­ктар. Факт е де­ка, ге­не­рал­но, мно­гу се зло­у­по­тре­бу­ва­ат ан­ти­би­о­ти­ци­те, и на се­кун­дар­но и на тер­ци­јар­но ни­во. И не са­мо во ме­ди­ци­на­та, ту­ку и во ве­те­ри­на­та, зем­јо­делс­тво­то, ве­ли до­цент д-р Ста­вриќ

На 18 но­ем­ври се од­бе­ле­жу­ва Европ­ски­от ден за ра­ци­о­нал­на упо­тре­ба на ан­ти­би­о­ти­ци. На 18 и на 19 но­ем­ври Здру­же­ни­е­то на до­кто­ри во при­мар­на здрав­стве­на за­шти­та, рес­пи­ра­тор­на гру­па за­ед­но со Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на ќе ор­га­ни­зи­ра втор сим­по­зи­ум, на кој ќе се прет­ста­ват ре­зул­та­ти­те од истра­жу­ва­ње­то за ко­ри­сте­ње­то на ан­ти­би­о­ти­ци­те во при­мар­на­та за­шти­та.

Цел­та е од си­те ин­сти­ту­ции што се важ­ни да про­из­ле­зат кон­крет­ни пред­ло­зи ка­ко се­кој од нас во на­ред­ни­от пер­и­од да пре­зе­ме не­што за да при­до­не­се во по­ра­ци­о­нал­но­то пре­пи­шу­ва­ње ан­ти­би­о­ти­ци. Мо­ра да го на­пра­ви­ме тоа. Тоа ни е долж­ност би­деј­ќи ја гу­би­ме би­тка­та со ан­ти­би­о­ти­ци­те. Ре­зи­стен­ци­ја­та е го­ле­ма. Не­ма но­ви ан­ти­би­о­ти­ци. Да не доз­во­ли­ме да дој­де­ме во си­ту­а­ци­ја по­втор­но да ни уми­ра­ат па­ци­ен­ти од ин­фек­ции. Ова не е проб­лем са­мо на Ма­ке­до­ни­ја, проб­ле­мот е гло­ба­лен, ве­ли до­цент до­ктор Ка­та­ри­на Ста­вриќ од Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на при Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је.

Да­ли па­ци­ен­ти­те поч­наа да му ве­ру­ва­ат на ле­ка­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­ти­ци? Да­ли поч­на да се ме­ну­ва све­ста на ма­ке­дон­ски­от па­ци­ент?

СТАВ­РИЌ: Да, све­ста на ма­ке­дон­ски­от па­ци­ен­ти поч­на да се ме­ну­ва. Со истра­жу­ва­ње­то кое го спро­ве­дов­ме ви­дов­ме ка­де ле­жат проб­ле­ми­те и кај до­кто­ри­те и кај па­ци­ен­ти­те. Па­ци­ен­ти­те му ве­ру­ва­ат на до­кто­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­ти­ци. Истра­жу­ва­ње­то по­ка­жа де­ка 4,4 про­цен­ти од па­ци­ен­ти­те вр­шат при­ти­сок да до­би­ја ан­ти­би­о­тик. Тоа е ре­ла­тив­но мал про­цент. Пер­цеп­ци­ја­та на до­кто­рот е де­ка ко­га до­а­ѓа па­ци­ент со рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции, ба­ра ан­ти­би­о­тик. Но, тоа не е та­ка. Па­ци­ен­тот ба­ра олес­ну­ва­ње на симп­то­ми­те. Тоа не зна­чи пре­пи­шу­ва­ње ан­ти­би­о­тик. И кај до­кто­ри­те тре­ба да ја сме­ни­ме пер­цеп­ци­ја­та де­ка ко­га па­ци­ен­тот вле­гу­ва во ор­ди­на­ци­ја, не са­ка вед­наш да му би­де пре­пи­шан ан­ти­би­о­тик. Се­ка­ко, тоа ба­ра вре­ме, да се раз­го­ва­ра со па­ци­ен­тот. Де­нес, во ус­ло­ви ко­га ма­тич­ни­те ле­ка­ри во про­сек има­ат се­дум ми­ну­ти за еден па­ци­ент, тоа е те­шко­из­вод­ли­во. Оче­ку­ва­ња­та на па­ци­ен­ти­те симп­то­ми­те на бо­ле­ста бр­зо да ис­чез­нат, се не­ре­ал­ни. Ту­ка тре­ба да се ра­бо­ти на еду­ка­ци­ја на па­ци­ен­ти­те. Се­ко­ја бо­лест има свој тек. Тем­пе­ра­ту­ра­та по три-че­ти­ри де­на ќе пад­не, ме­ѓу­тоа проб­ле­ми­те со се­кре­тот од но­сот мо­же да тра­ат и по де­се­ти­на де­на. Каш­ли­ца­та мо­же да трае и две не­де­ли. Нај­чест симп­том за што па­ци­ен­ти­те до­а­ѓа­ат во ле­кар­ски­те ор­ди­на­ции е каш­ли­ца­та. Тоа е тоа што ги за­гри­жу­ва. На па­ци­ен­ти­те тре­ба да им се об­јас­ни те­кот на симп­то­ми­те, што да оче­ку­ва­ат.

img_5576-custom

Нај­чест симп­том за што па­ци­ен­ти­те до­а­ѓа­ат во ле­кар­ски­те ор­ди­на­ции е каш­ли­ца­та, вели д-р Ставриќ

Во кои слу­чаи се пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­тик?

СТАВ­РИЌ: Истра­жу­ва­ње­то по­ка­жа де­ка ан­ти­би­о­ти­ци­те најм­но­гу се зло­у­по­тре­бу­ва­ат во проб­ле­ми­те со гр­ло­то. Тоа е најм­но­гу по­ра­ди стра­вот од стреп­то­ко­ка, таа да не оште­ти не­што. Но, са­мо 20 про­цен­ти се стреп­то­кок­ни ан­ги­ни. Нај­че­сто пре­диз­ви­ку­вач е ви­рус. Проб­ле­мот кој го во­о­чив­ме е што до­кто­ри­те мо­же да по­ста­ват ди­јаг­но­за да­ли ста­ну­ва збор за ви­рус или за ин­фек­ци­ја, но ту­ка се де­фи­ци­тар­ни со до­пол­ни­тел­ни ди­јаг­но­стич­ки ис­пи­ту­ва­ња кои мо­же да им по­мог­нат во по­ста­ву­ва­ње­то на ди­јаг­но­за­та. Ре­зул­та­ти­те од „бри­се­ви­те“, кои се зла­тен стан­дард, се че­ка­ат по два-три де­на во Скоп­је. Во по­ма­ли­те ме­ста се зе­ма­ат при­ме­ро­ци два­па­ти во не­де­ла­та. Тоа зна­чи де­ка не се пра­ктич­ни за при­мар­но ни­во. Бр­зи­от стреп-тест е тој што мо­же да по­мог­не, но тој не е на то­вар на Фон­дот. Тоа за па­ци­ен­ти­те е еден тро­шок. Вкуп­но 88 про­цен­ти од па­ци­ен­ти­те со проб­ле­ми со гр­ло­то при­ма­ат ан­ти­би­о­тик, а ре­ал­но 20-30 про­цен­ти тре­ба да ко­ри­стат ан­ти­би­о­тик. Ту­ка има го­лем про­стор да дејс­тву­ва­ме и ан­ти­би­о­ти­ци­те да се пре­пи­шу­ва ра­ци­о­нал­но. Вто­ра­та бо­лест за ко­ја најм­но­гу се пре­пи­шу­ва­ат ан­ти­би­о­ти­ци­те е брон­хи­тис.

Со го­ди­ни се го­во­ри де­ка ан­ти­би­о­ти­ци­те се зло­у­по­тре­бу­ва­ат, па­ци­ен­ти­те ин­си­сти­ра­ат на ан­ти­би­о­тик ко­га се бол­ни. Што ве­лат број­ки­те од ва­ши­те истра­жу­ва­ња? Се на­ма­лу­ва ли бро­јот?

СТАВ­РИЌ: Истра­жу­ва­ња ве­лат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја 58 про­цен­ти од бол­ни­те со рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти се ле­ку­ва­ат со ан­ти­би­о­тик. Да­ле­ку сме од скан­ди­нав­ски­те зем­ји, ка­де што тој про­цент се дви­жи ме­ѓу пет и се­дум про­цен­ти, но, на при­мер, во Гр­ци­ја тој про­цент е 80-90. Сту­ди­ја­та што ја на­пра­ви­ме на те­ри­то­ри­ја на це­ла Ма­ке­до­ни­ја, а во ко­ја беа вклу­че­ни 100 ма­тич­ни ле­ка­ри, ни по­мог­на да ги во­о­чи­ме по­ли­ња­та на кои тре­ба да дејс­тву­ва­ме во след­ни­от пер­и­од за да вли­ја­е­ме врз на­ма­лу­ва­ње­то на бро­јот на упо­тре­ба на ан­ти­би­о­ти­ци­те. Тре­ба да се еду­ци­ра­ат ле­ка­ри­те, но по­треб­на е и спе­ци­фич­на еду­ка­ци­ја на па­ци­ен­ти­те. Ту­ка тре­ба да се вклу­чат и ин­сти­ту­ци­и­те, да се овоз­мо­жат ла­бо­ра­то­ри­ски ис­пи­ту­ва­ња, да им се по­мог­не на до­кто­ри­те. Кај нас мно­гу се ко­ри­стат ан­ти­би­о­ти­ци со ши­рок спе­ктар, а тоа во­оп­што не е до­бро. Ед­на од при­чи­ни­те за на­ста­ну­ва­ње на ан­ти­ба­кте­ри­ска­та ре­зи­стен­ци­ја е ток­му ко­ри­сте­ње­то ан­ти­би­о­ти­ци со ши­рок спе­ктар. Факт е де­ка, ге­не­рал­но, мно­гу се зло­у­по­тре­бу­ва­ат ан­ти­би­о­ти­ци­те и на се­кун­дар­но и на тер­ци­јар­но ни­во. И не са­мо во ме­ди­ци­на­та, ту­ку и во ве­те­ри­на­та, зем­јо­делс­тво­то. Не ја зна­е­ме ло­кал­на­та ре­зи­стен­ци­ја на нај­че­сти­те пре­диз­ви­ку­ва­чи на рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти во но­сот и во гр­ло­то.

18 но­ем­ври е Европ­ски ден за ра­ци­о­нал­на упо­тре­ба на ан­ти­би­о­ти­ци. Ка­ко ќе се од­бе­ле­жи кај нас?

СТАВ­РИЌ: На 18 и на 19 но­ем­ври за­ед­но со Здру­же­ни­е­то на до­кто­ри во при­мар­на здрав­стве­на за­шти­та, рес­пи­ра­тор­на гру­па пла­ни­ра­ме да ор­га­ни­зи­ра­ме втор сим­по­зи­ум, на кој ќе се прет­ста­ват ре­зул­та­ти­те од ова истра­жу­ва­ње. Има­ме го­сти и од странс­тво. Цел­та е од си­те ин­сти­ту­ции што се важ­ни да про­из­ле­зат кон­крет­ни пред­ло­зи ка­ко се­кој до нас во на­ред­ни­от пер­и­од да пре­зе­ме не­што за да при­до­не­се во по­ра­ци­о­нал­но­то пре­пи­шу­ва­ње ан­ти­би­о­ти­ци. Мо­ра да го на­пра­ви­ме тоа. Тоа ни е долж­ност би­деј­ќи ја гу­би­ме би­тка­та со ан­ти­би­о­ти­ци­те. Ре­зи­стен­ци­ја­та е го­ле­ма. Не­ма но­ви ан­ти­би­о­ти­ци. Да не доз­во­ли­ме да дој­де­ме во си­ту­а­ци­ја по­втор­но да ни уми­ра­ат па­ци­ен­ти од ин­фек­ции. Тоа не е проб­лем са­мо на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку е гло­ба­лен проб­лем.

img_5574-custom

Да не доз­во­ли­ме да дој­де­ме во си­ту­а­ци­ја по­втор­но да ни уми­ра­ат па­ци­ен­ти од ин­фек­ции, смета д-р Ставриќ

Ка­ко да се обез­бе­ди ви­со­ко­ква­ли­тет­на гри­жа за здрав­је­то на па­ци­ен­ти­те?

СТАВ­РИЌ: Во ос­но­ва е пре­вен­ци­ја­та. На­се­ле­ни­е­то тре­ба да во­ди сме­тка да се за­шти­ти од ин­фек­ции. На­е­сен и на­про­лет ин­фек­ци­и­те се нај­че­сти. Ос­нов­но е ми­е­ње­то ра­це. Со влаж­ни­те ма­рам­чи­ња го за­бо­ра­вив­ме ос­нов­но­то пра­ви­ло за пре­вен­ци­ја од ши­ре­ње ин­фек­ции, а тоа е ми­е­ње ра­це и ко­ри­сте­ње ма­рам­че. Че­сто да се про­ве­тру­ва­ат про­сто­ри­и­те ка­де што се пре­сто­ју­ва и се­кој сло­бо­ден миг да се ко­ри­сти за про­ше­тка на чист воз­дух. За­бо­ра­вив­ме да оди­ме на про­ше­тки по пла­ни­ни, де­ца­та ги но­си­ме во игро­те­ки и во тр­гов­ски цен­три, ка­де што има го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја на лу­ѓе. Про­ше­тки, здра­ва хра­на, фи­зич­ка актив­ност – тоа се на­чи­ни­те ка­ко да го по­до­бри­ме иму­ни­те­тот.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

(интервјуто е објавено во 218. број на неделникот Република кој излезе во печат на 4. 11. 2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top