| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени се нови антибиотици

Биолози од Русија во пештерите на Сибир пронашле природни антибиотици. Тие антибиотици би можеле да донесат револуција во борбата против бактериите отпорни на постојните лекови.
– Многу пештери на ова подрачје се постари од Бајкалско Езеро, постари од 30 милиони години. Нашето истражување е посветено на тоа како настанала бактеријата, како е зачувана 30-40 милиони години и што произведува – изјави биологот Денис Аксенов-Грибанов.

Пронајдените бактерии синтетизираат антибиотици, што би можело да помогне во развивањето на антибиотици за таканаречени супербактерии отпорни на сè, а се проценува дека токму тие би можеле да убиваат 10 милиони луѓе секоја година.

Пештерите во Сибир се недопрени оази. Руските научници веќе некое време го истражуваат месечевото млеко, како што ја нарекуваа откриената супстанција.

Низа антибиотици се во завршна фаза на истражувањето. Некои од нив веќе се користат во живинарски фарми, а конечната цел е антибиотик за луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top