Претседателот на САД Џон Ф. Кенеди е убиен во заговор зад кој стојат двајца поранешни претседатели, тврди Роџер Стоун, поранешната помошничка на претседателот Ричард Никсон.
Таа во нејзината книга „Човекот кој го уби Кенеди – случајот против ЛБЏ“, која треба да биде објавена во октомври годинава, тврди дека ќе ја открие долгогодишната мистерија околу убиството на Кенеди извршено на 22 ноември 1963 година.
Стоун тврди дека еден од заговорниците е тогашниот потпретседател Линдон Б. Џонсон, (подоцна 36 претседател на САД од 1963 до 1969 година), кој ја организирал поворката на Кенеди за време на посетата на Далас, со што му ја олеснил работата на Ли Харви Освалд прецизно да стрела. Снајперистот подоцна е убиен за да се отстрани врската со заговорниците.
Поранешната помошничка вели дека Џонсон го подготвил атентатот барајќи возилата да поминат низ улицата каде што чекал Освалд. За човекот кој подоцна го убил Освалд Џек Руби постоеле документи кои го поврзуваат со Ричард Никсон. Тој бил вработен од тогашниот конгресмен Никсон (подоцна 37 претседател на САД од 1969 година до 1974 година) по препорака на Џонсон.
Авторката на книгата тврди дека Џонсон му дал упатства на Никсон да го вработи Руби во Претставничкиот дом во 1947 година, многу години пред да го искористи за убиството на Освалд во полициската станица во Далас.
Стоун работела за Никсон изборниот штаб на Никсон за време на неговиот реизбор во 1972 година, а потоа и како административец во Белата куќа додека тој бил претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скопјанец го пријавил случајот: Од автомобил „Мерцедес“ синоќа пукале на улица „Џон Кенеди“
-
Трамп ја нападна ЦИА, ризикува да заврши како Кенеди
-
Неговотo признание можеше да ја промени историјата: На смртна постела откри кој го уби Кенеди
-
Личните предмети на Џон Кенеди продадени на аукција за 2 милиони долари