Скопјанецот А.Б. во полиција прилавил дека вчера во 20 часот, на улицата „Џон Кенеди“ слушнал пукање со огнено оружје.
Тој забележал лица во патничко возило „Мeрцедес“ како пукаат во непознат правец, а веднаш потоа избегале. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземени сите мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.