Илјадници лични предмети на некогашниот американски претседател Џон Кенеди, кои му припаѓале на негов долгогодишен соработник, биле продадени на аукција за два милиони долари, пренесуваат американските агенции.
За најголема сума била продадена неговата пилотска јакна, за која еден од купувачите издвоил дури 570 илјади долари, додека роденденската честитка кој му ја испратил неговиот син била продадена за 17 илјади долари, а американското знаменце кое се наоѓало на лимузината со која се возел претседателот за 55 илјади долари.
Во колекцијата која се нашла на аукција имало и писма, фотографии, книги и други предмети кои ги поседувал соработникот на Кенеди, Дејвид Пауерс. Иако тој починал пред 15 години сите предмети биле отриени дури откако неговите наследници одлучиле да ја продадат куќата во Масачусец во која живеел. Пауерс бил близок соработник на претседателот Кенеди од крајот на Втората светска војна, до убиството во 1963 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.