| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ја нападна ЦИА, ризикува да заврши како Кенеди

trump-assassin-124

Ако Трамп претера со непријателскиот популизам, ќе го почувствува гневот на истите луѓе што го тргнаа Kенеди, предупредува американскиот портал „Инфоворс“. Ниту еден претседател по Џон Ф. Kенеди не се дрзнал да ја нападне ЦИА или останатиот национално-безбедносен естаблишмент. Тие знаеја дека ако му се спротивстават, ќе се соочат со одмазднички мерки, се вели во текстот на познатиот портал, чиј сопственик Алекс Џонс носи етикета на човек чија преокупација се теории на заговор.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не само што го презира и негира естаблишментот, ги навредува медиумските магнати, што ги смета нефер, и ја отфрла конвенционалната мудрост, тој во исто време и пркоси на волјата на т.н. длабока држава, базата на најголемата моќ во САД, воено-индустрискиот комплекс. Тоа е причината поради која Трамп гази во опасни води и ризикува да ја доживее судбината на Џон Ф. Kенеди, пишува „Инфоворс“.

A6384617D659EC43AD91553C1E52021D

Поранешниот конгресмен и претседателски кандидат Рон Пол предупреди дека владата во сенка презема контролата врз администрацијата на Трамп уште пред таа да се формира: има многу влијание од луѓето што се всушност многу помоќни од самата влада и претседателот. Постојат неколку центри на моќ зад престолот кои сакат да се осигурат дека власта нема да му удри в глава на избраниот претседател и дека нема да се обиде да го смени курсот од внимателно подредената парадигма криза-реакција-решение.

Вистинскиот мир не е добар за бизнисот на воено-индустрискиот комплекс. Додека Трамп ја пополнува својата администрација со „Голдман Сакс“ и неоконзервативни советници, многумина сметаат дека него едноставно го поттурнуваат во вистинската насока. Но, американската разузнавачка заедница не е подготвена да ризикува и постојат јасни резервни планови. Владата во сенка е реална и сега за сега одржува доминација. Ако Трамп претера со непријателскиот популизам, ќе го почувствува гневот на истите луѓе што го тргнаа Kенеди, предупредува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top