Спортскиот портал „sportskeeda.com“ состави список од пет потенцијални кандидати кои можат да го заменат Борис Бекер на местото тренер на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Ноле неодамна изјави дека сѐ уште нема разговарано со Борис Бекер за продолжување на соработката која според актуелниот договор истекува на крајот од оваа сезона. Србинот и Германецот соработуваат уште од 2014 година, а овој период што измина беше многу плоден за Ѓоковиќ, кој успеа да се искачи на првото место на АТП-листата, да освои дури шест гранслем-турнири, да стане рекордер по бројот на освоени мастерс-турнири, како и тенисер со најголема бодовна разлика пред конкуренцијата.
Првиот на листата на имиња за нов тренер на Ѓоковиќ е Шпанецот Алехо Манкисидор, кој е најзаслужен за големиот подем на неговата сонародничка Габине Мугуруза.
Следен е Џими Конорс, кој има освоено осум гранслем-турнири во кариерата и успешно соработуваше во минатото со Едни Мареј и со Ежени Бушар.
Трета на листата на спортскиот портал е Амели Морезмо која до мај оваа година соработуваше со Едни Мареј, а соработката ја прекинаа во најголемиот подем на Шкотот поради бременост.
Последните двајца се прекалени тенисери и тренери и можеби најголеми конкуренти на Борис Бекер во играчката кариера, Брет Гилберт и Штефан Едберг. Сепак, Швеѓанецот има најмало искуство во тренерските води иако кратко беше во штабот на Роџер Федерер. Швајцарскиот тенисер и тогаш изјави дека улогата на Едберг во неговиот тим повеќе била менторска отколку тренерска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.