| четврток, 6 декември 2018 |

Интер се одлучи да не менува, Икарди останува капитен на екипата

mauro-ikardi

Интер на својата официјална интернет страна соопшти дека Мауро Икарди останува капитен на екипата, но најави и казна за Аргентинецот.

После состанокот на Икарди со челниците на клубот, објавено е дека младиот Аргентинец ќе остане капитен на екипата.

– Во семејството, па и во Интер кој го сметам за мое семејство се случуваат несогласувања и проблеми. Жал ми е што делови од мојата книга им пречат на навивачите. Навредив многу луѓе, но мораме да ги гледаме напред и да се вратиме по старо. Им се извинувам на сите. Ја прифаќам секоја одлука на клубот и во иднина ќе бидам повнимателен. Мораме да бидеме обединети, ништо не е поголемо од Интер – порача Икарди.

Икарди ги налути ултрасите на Интер откако во својата автобиографска книга напиша дека ќе ангажира 100 криминалци од Аргентина за да се пресметаат со сите хулигани кои ќе му се заканат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top