Охрид наскоро ќе добие луксузен и раскошен театар, сличен на оној во Скопје. На местото на Центарот за култура и градската библиотека ќе се гради нов современ театар. Веќе е избрано најдоброто идејно решение, а овој месец ќе биде распишан тендерот за избор на проектантската куќа која ќе го направи проектот.
– Најважно беше да се среди урбанистичко планската документација за да можеме да ги продолжиме останатите фази. Избрано е идејно решение овој месец е планира да биде објавен тендер за избор на проектантска куќа која што согласно законот ќе ги работи осовниот и изведбениот проект, изјави Елизабета Канческа Милеска, министер за култура.
извор Охриднет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.