| четврток, 6 декември 2018 |

На чекор до враќање во Европа: Дрогба предизвика скандал во САД

AUG 22, 2015 : Montreal Impact forward Didier Drogba 11 warms up prior to a MLS Fussball Herren USA game between the Philadelphia Union and the Montreal Impact at the Saputo Stadium in Montreal, Quebec, Canada. SOCCER: AUG 22 MLS - Union at Impact PUBLICATIONxINxGERxSUIxAUTxHUNxRUSxSWExNORxONLY Icon15082204 Aug 22 2015 Montreal Impact Forward Didier Drogba 11 warm Up Prior to A MLS Football men USA Game between The Philadelphia Union and The Montreal Impact AT The Saputo Stage in Montreal Quebec Canada Soccer Aug 22 MLS Union AT Impact PUBLICATIONxINxGERxSUIxAUTxHUNxRUSxSWExNORxONLY

Искусниот напаѓач на Монтреал Импакт, Дидие Дрогба предизвика скандал откако одби да биде на клупата за резервни играчи на вчерашниот натпревар против Торонто. Тренерот Мауро Биело сметал дека Дрогба не треба да биде стартер, а откако дознал дека е изоставен од стартниот тим, Дрогба воопшто не сакал да ја облече опремата, туку остана надвор од тимот.

– Дидие не требаше да го почне натпреварот. Разговарав со него и не сакаше да го прифати фактот дека ќе биде на клупа, објаснил Биело.

Минатата недела италијанските медиуми објавија дека Дрогба во јануарскиот преоден рок ќе замине во тимот на Наполи, каде треба да биде замена за повредениот полски репрезентативец Аркадиуш Милик, а по конфликтот со тренерот Биело се чини дека е чекор поблиску до враќање во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top