Поранешниот фудбалер на Олимпик Марсеј и Челси, Дидие Дрогба, би можел да се врати во Франција по неколкугодишната авантура во МЛС лигата.
Еден од најкорпулентните напаѓачи во поновата фудбалска историја сега е слободен играч, а големи се шансите повторно да го облече дресот на францускиот гигант, Олимпик Марсеј.
– Постои опција повторно да заиграм во Франција, но сега не можам да открија ништо повеќе. Се надевам дека ќе го исполнам ветеното и еден ден ќе се вратам во Олимпик Марсеј. Сега треба да седнеме и да поразговараме – изјави за француски „Канал +“ Дрогба.
38-годишниот голгетер една сезона беше член на Олимпик Марсеј од 2003 до 2004, во кој настапи на 35 меча, постигнувајќи 19 гола, а врвот на својата кариера ја доживеа во лондонски Челзи, за кого настапуваше цели осум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.