Легендарниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, кој во изминатиот период настапуваше за Монтреал во МЛС–лигата, нема намера да ја заврши својата кариера и ќе продолжи да игра најмалку уште една сезона. Тој се сели во Бразил и ќе го носи дресот на Коринтијанс, со кој потпиша едногодишен договор. Бразилските медиуми информираат дека Дрогба ќе заработува 150.000 американски долари месечно и сѐ уште се чувствува максимално подготвен.
– Сакам да играм фудбал и понатаму. Сѐ уште имам силни нозе и со топката се чувствувам како мало дете. Имам мали проблеми со колената, но ќе ги надминам брзо – изјави Дидие Дрогба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент