| четврток, 6 декември 2018 |

Металург има нов министер за одбрана, Дарко Арсиќ беше јунакот во победата над Ла Риоха (видео)

darko-arsic

Металург повторно има свој Дарко за херој на голот. До пред неколку сезони тоа беше Станиќ, сега е Дарко Арсиќ, српскиот чувар на мрежата кој бранеше извонредно на натпреварот со Ла Риоха. Впрочем, токму Арсиќ ја донесе победата на „металурзите“, откако одбрани два клучни удари во последната минута, оној последниот класичен зицер од контранапад што чуварот на мрежата на македонскиот првак успеа да го запре, за еуфорија меѓу домашните навивачи во СЦ „Борис Трајковски“.

Србинот го заврши натпреварот со 16 успешни интервенции, а особено атрактивни беа двете на стартот од вториот дел, кога во иста акција на гостите Арсиќ во два наврати спречи неговата мрежа да биде затресена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top