Синоќа во престижната Gallery MC во Македонскиот културен центар во Њујорк свечено беше отворена изложбата Накитот низ вековите од Република Македонија на НУ Археолошки Музеј на Македонија.
На настанот присуствуваа високи претставници од Амбасадата на Репубилка Македонија при ОН – Амбасадорот Г-дин Василе Андоноски, генералниот конзул за Њујорк, Г-дин Горан Трајков, претставници од мисијата на Р. Македонија во ОН, бројни познати уметници од Америка, претставници од дијаспората, како и голем број на љубители на уметноста од Њујорк.
Настанот го отворија директорката на Археолошки Музеј на Македонија Г-ѓа Весела Честоева и директорот на Gallery MC G – Г-дин Горазд Поповски.
На изложбата беше презентиран богат ексклузивен накит од богатото културно наследство на Република Македонија и теракотни фигурини , надополнето со мултимедијални содржини со кои публиката имаше можност да види и да ја запознае вековната традиција на македонскиот накит , од кој можеше да се види креативноста на старите мајстори и тогашното богатство на секој историски период одделно.
Присутните, од кои некои за првпат, имаа можност да се запознаат со македонската историја и традиција и за прв пат да видат накит стар илјадници години , кој е дел од големите археолошки истражувања во Р. Македонија во последните 70 години и кои претставуваат сведештво за културниот континуитет и идентитет на македонскиот народ.
Присутните имаа уникатна можност и лично да испробаат копии од неколку видови на антички златен накит и со истиот да се фотографираат од што посебно беа воодушевени.
Изложбата ќе биде отворена до 31.10.2016 со што се надеваме дека ќе успееме барем на кратко да го доближиме и претставиме богатото културно минато на нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.