| четврток, 6 декември 2018 |

Ма­ке­до­ни­ја ни е дом, а Ви­ет­нам е род­ни­от крај

Про­фе­со­рот и ди­ри­гент Ле Фи Фи, кој е од Ви­ет­нам, сво­е­то се­мејс­тво го соз­дал ток­му ов­де, во Ма­ке­до­ни­ја. Прв­пат до­шол во 1989 го­ди­на, со сво­ја­та се­гаш­на со­пру­га, а од 1993 го­ди­на жи­вее во Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ли де­ка на­ро­дот ов­де и во Ви­ет­нам е сли­чен. Ле Фи Фи ужи­ва во уба­ви­ни­те што ги ну­ди зем­ја­та, во хра­на­та, му­зи­ка­та, кул­ту­ра­та. Охрид, спо­ред про­фе­со­рот, е ме­сто што не смее да го про­пу­шти ни­ту еден по­се­ти­тел. Че­сто па­ту­ва во Ви­ет­нам за да ги по­се­ти ро­ди­те­ли­те, но Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли, е не­го­ви­от дом

Ко­га за прв­пат се за­поз­на­вте со Ма­ке­до­ни­ја?

Ле Фи Фи: Во 1989 го­ди­на, ко­га бев сту­дент во Мо­сков­ски­от кон­зер­ва­то­ри­ум „П. И. Чај­ков­ски“. Во сту­дент­ски­от дом се за­поз­нав со мо­ја­та се­гаш­на со­пру­га Ли­ди­ја До­брев­ска и на лет­ни­от рас­пуст таа ре­ши да ме за­поз­нае со пре­крас­на­та Ма­ке­до­ни­ја.

lidija

До­а­ѓа­те од зем­ја што има по­и­на­ква кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ус­пе­а­вте да се прис­по­со­би­те на жи­во­тот ов­де?

Ле Фи Фи: По­тек­ну­вам од Ви­ет­нам, др­жа­ва со ре­чи­си 90 ми­ли­о­ни жи­те­ли, со ти­пич­на ази­ска тра­ди­ци­ја и кул­ту­ра, но тоа во­оп­што не ме спре­чи да се прис­по­со­бам на жи­во­тот во Ма­ке­до­ни­ја. Вие сте, се­пак, лу­ѓе од Ју­гот, на кои се­којд­нев­ни­те на­ви­ки им се слич­ни на ви­ет­нам­ски­те. Мен­та­ли­те­тот на два­та на­ро­да е сли­чен, отво­рен, дру­же­љу­бив, фа­ми­ли­ја­рен…

Ви по­ма­га­ат ли Ма­ке­дон­ци­те ко­га Ви е по­треб­но? Кое е Ва­ше­то мис­ле­ње за ма­ке­дон­ски­от на­род?

Ле Фи Фи: Со ог­лед на тоа де­ка по­ве­ќе од 20 го­ди­ни жи­ве­ам во Ма­ке­до­ни­ја, зем­ја што ја сме­там за свој дом, имам мно­гу род­ни­ни од стра­на на Ли­ди­ја, при­ја­те­ли, ко­ле­ги… Си­те ни по­ма­га­ат ко­га е по­треб­но, а и ние им по­ма­га­ме. Та­ков е жи­вот ту­ка. Без по­мош од сво­и­те бли­ски по­те­шко ќе по­ми­неш. Спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, ма­ке­дон­ски­от на­род ду­ша да­ва за друш­тво, ха ха ха…При­ја­тел­ски е на­стро­ен, са­ка да по­мог­не, тоа е на­род што знае да се об­ле­ку­ва, да ја­де вкус­но, мал­ку е не­тру­до­љу­бив, не раз­мис­лу­ва мно­гу за ид­ни­на­та и гло­бал­но…

dmbuc-makeodnija

Кол­ку има­те сло­бод­но вре­ме да па­ту­ва­те низ Ма­ке­до­ни­ја?

Ле Фи Фи: Ко­га имам го­сти од странс­тво играм уло­га на ту­ри­стич­ки во­дич па­ту­вај­ќи низ Ма­ке­до­ни­ја. Но, со ог­лед на тоа де­ка Ма­ке­до­ни­ја има прем­но­гу уба­ви кра­и­шта, нор­мал­но де­ка не сум ус­пе­ал се­ка­де да по­ми­нам. Но, се­пак, се тру­дам се­ко­гаш ко­га сум сло­бо­ден да сум во при­ро­да, се ше­там. Имам и хо­би, а тоа е фо­то­гра­фи­ра­ње. Најм­но­гу ја са­кам есен­та, ко­га лис­је­то по­жол­ту­ва­ат – пре­крас­но е за уба­ви фо­то­гра­фии.

Кое е ме­сто­то, кое, спо­ред Ва­ше­то мис­ле­ње, мо­ра да го по­се­ти се­кој што до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја?

Ле Фи Фи: Де­фи­ни­тив­но, тоа е Охрид. Град со по­чист воз­дух, кли­ма­та е пре­крас­на и це­ла­та уба­ви­на на гра­дот со мно­гу исто­ри­ски ло­ка­ции… Ја са­кам охрид­ска­та куј­на, раз­лич­ни ви­до­ви ри­би… да ше­там на пла­ни­на, по­крај езе­ро­то, да се во­зам во кај­че, се вос­хи­ту­вам пред се­ко­ја ста­ра цр­ква… или, ед­но­став­но, да одам на пи­во со пр­же­ни пла­ши­ци гле­дај­ќи зај­ди­сон­це… Тоа е Охрид.

vietnam

Му­зи­ка­та е Ва­ша­та про­фе­си­ја. Што мис­ли­те за ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка?

Ле Фи Фи: Ја са­кам ма­ке­дон­ска­та из­вор­на и ста­ро­град­ска му­зи­ка. Во из­вор­на­та се чув­ству­ва це­ла­та кул­ту­ра, исто­ри­ја на еден мал на­род, кој со ве­ко­ви се бо­рел за сво­ја­та сло­бо­да. Се чув­ству­ва та­га­та, бол­ка­та, стра­да­ња­та… по­ве­ќе од ве­сел­ба­та. А, за раз­ли­ка од неа, ста­ро­град­ска­та е по­жи­ва, се гле­да ха­риз­ма­та на на­ро­дот во неа. Знам и да пе­ам мно­гу поз­на­ти ма­ке­дон­ски пес­ни.

Ка­ко се сна­о­ѓа­те со хра­на­та? Ви се до­па­ѓа­ат ли ма­ке­дон­ски­те ре­цеп­ти?

Ле Фи Фи : Јас сум гур­ман. Са­кам и мо­жам да ги кон­су­ми­рам си­те ви­до­ви хра­на. Са­кам мно­гу зе­лен­чук, овош­је, раз­ни ви­до­ви са­ла­ти, го­тве­ни ја­де­ња ка­ко му­са­ка, тур­ли­та­ва, грав, пи­лав, пи­ти и, нор­мал­но, ска­ра­та. Са­кам ма­ке­дон­ска до­маш­на ра­ки­ја, до­маш­ни ви­на….

Ви не­до­сти­га ли род­на­та зем­ја?

Ле Фи Фи: Се раз­би­ра де­ка ми не­до­сти­га Ви­ет­нам, но, за сре­ќа, пос­лед­ни­те го­ди­ни по­че­сто па­ту­вам та­му и при­ват­но и служ­бе­но. Мо­и­те жи­ве­ат во Ха­ној. И двај­ца­та ве­ќе се над 85-го­диш­на во­зраст, мо­рам да сум по­че­сто по­крај нив. Освен тоа, се­кое оде­ње ми е ра­бот­но, че­сто ги ко­ри­стам зим­ски­от и лет­ни­от рас­пуст да имам кон­цер­ти со раз­лич­ни ор­ке­стри во Ви­ет­нам. Се­то тоа ме пра­ви сре­ќен, по­мал­ку но­стал­ги­чен…

famili

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви, оста­ну­ва­те во Ма­ке­до­ни­ја?

Ле Фи Фи: Во Ма­ке­до­ни­ја сум од 1993 го­ди­на, ра­бо­тев во Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, а се­га ра­бо­там ка­ко про­фе­сор-ди­ри­гент во ДМБУЦ „Или­ја Ни­ко­лов­ски-Луј“. Ма­ке­до­ни­ја ни е дом, а Ви­ет­нам е род­ни­от крај. Мо­рам да сум на две­те ме­ста. Во Ма­ке­до­ни­ја имам сво­ја­та ма­леч­ка фа­ми­ли­ја, син ми има 20 го­ди­ни и сту­ди­ра ин­фор­ма­ти­ка, со­пру­га­та Ли­ди­ја ра­бо­ти во Ма­ке­дон­ска фил­хар­мо­ни­ја. Жи­во­тот ми е ту­ка, но, се­пак, тре­ба да од­во­ју­вам вре­ме да би­дам со мо­и­те ро­ди­те­ли во Ви­ет­нам ис­пол­ну­вај­ќи ја сво­ја­та од­го­вор­но­ста кон нив по на­ша­та тра­ди­ци­ја, се раз­би­ра, ко­га ќе мо­жам.

Пишува: К.Н.К

(Текст објавен во 215 број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top