| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се протна во полуфиналето на мастерсот во Шангај

novak-djokovic

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од турнирот во Шангај откако по голема борба го скрши отпорот на Миша Зверев, совладувајќи го 110. светски тенисер со 2-1 во сетови. Зверев се наоѓаше на патот до големо изненадување откако во извонредниот прв сет славеше со 6-3, а потоа и веднаш направи брејк за почетно водство од 2-0 на стартот од вториот сет.

Сепак, Ѓоковиќ се разбуди навреме, експресно израмни на 2-2, а нешто подоцна направи и брејк за 4-3. Зверев успеа да возврати за 4-4, но потоа во тајбрејкот првиот носител експресно поведе со 4-0, за на крајот да слави со 7-4. Противникот по ваквиот развој на настаните ја загуби самодовербата, па Ѓоковиќ набрзина поведе со 3-0, на крајот триумфирајќи со конечни 6-3.

Следен ривал на српскиот тенисер ќе биде Шпанецот Баутиста Агут, кој славеше на дуелот против Цонга со 2-0 во сетови.

Во преостанатите две четвртфинални пресметки во Шангај силите ќе ги одмерат Гофан и Мареј, односно Џек Сок и Жил Симон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top