Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија беше отворена ликовната изложба на познатиот македонски ликовен уметник Борислав Траиковски. Од творечкиот опус на авторот, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, кој е партнер во организацијата на овој настан, претставија 22 портрети, работени во различни техники, во периодот од 1940 до смртта на авторот, 1996 година.
Изложбата која публиката во Софија ќе може да ја види до 28 октомври, за отворена ја прогласија директорите на двете институции, Васко Шутаров и Зоран Читкушев.
Борислав Траиковски, роден битолчанец, е еден од доајените на македонското ликовно творештво и несомнено еден од академските сликари со големо влијание во современиот ликовен израз. За време на својот живот организирал бројни самостојни изложби во државата но и во Париз, Лондон, Белград, Загреб, Брадфорд. Во негова чест Друштвото на ликовни уметници на Битола доделува годишна награда “Борислав Траиковски” за најдобро дело на годишна изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.