| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Обама, потресена: Гласајте за Хилари

Првата дама на САД, Мишел Обама, одржа емотивен говор на митингот на Хилари Клинтон во Њу Хемшир, каде што Доналд Трамп го нарече засташувачки и надвор од сите основни норми на човечко однесување.
Говорејќи за сексистичките изјави на Трамп, кои неодамна се појавиле во јавност, Обама изјави дека тоа не е нормално и не спаѓа во политика.
– Не можам да верувам дека еден од кандидатите за претседател на САД се фалел оти сексуално злоупотребувал жени. Не можам да престанам да мислам на тоа. Оваа изјава многу ме потресе – изјави Обама со трепетлив глас додавајќи дека без оглед на која политичка партија спаѓа, ниедна жена не треба да трпи злоупотреба.
– Ако гласате за кој било освен за Хилари или пак ако воопшто не гласате, помагате да се избере нејзниот противник. Замислите како ќе изгледа тоа – порача Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top