Актуелната прва дама на САД, Мишел Обама, била жртва на расистички напад од две жени, од кои едната е градоначалник во мало место во сојузната држава Западна Вирџинија, пишува „Њујорк дејли њуз“.
Инцидентот го предизвикала Памела Ремзи Тејлор, директорка на непрофитната група за развој „Клеј каунти“.
– Претставува освежување да се има една ексклузивна, убава и достоинствена прва дама во Белата куќа. Се изморив гледајќи еден мајмун во потпетици – напишала на „Фејсбук“ директорката Тејлор.
Градоначалничката на гратчето Клеј, Беверли Волинг, на таа порака на Тејлор се надоврзала со забелешката: „Ми го разубави денот, Памела“.
Расистичкиот напад врз сопругата на претседателот Обама и исто таквиот коментар на градоначалничката во местото предизвика шокиранист и згрозување низ САД.
Според американските медиуми, во многу кусо време, на интеренет се собрани околу 100 илјади потписи со остар протест и барање за сменување на Тејлор од директорската функција.
Весникот „Вашингтон пост“ тврди дека таа веднаш била сменета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.