Иако за време на кампањата беше еден од најжестоките критичари на Доналд Трамп се уште актуелната прва дама на САД, Мишел Обама вели дека го поддржува новоизбраниот претседател. Во последното интервју кое го даде таа, објасни зошто го промени ставот.
-Не е важно како се чувствуваме поради тоа, важно е да го поддржиме новиот претседател поради здравјето на нацијата. Ќе бидеме тука за новиот претседател и ќе направиме се што треба за да биде успешен, бидејќи ако тој успее, сите ќе успееме – рекла Мишел.
Мишел се состанала со Меланија Трамп само неколку дена откако нејзиниот сопруг победи на изборите. Сопругата на Барак Обама на својата наследничка не и понудила конкретен совет, но поддршка да.
-И реков не знаеш што се не знаеш додека не дојдеш овде. Мојата врата секогаш и е отворена. Ќе направиме се што е потребно за да успееме, тоа и го реков на Меланија – објаснила Мишел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.