| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Состојби“ на Славица Јанешлиева во „Мала станица“

Денеска (четврток), со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, мултимедијален центар „Мала станица“, ќе биде отворена самостојната изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Состојби“.

Во најновиот проект Јанешлиева со за неа препознатлив директен и симболичен критички јазик се осврнува на контроверзните појави во општеството на глобално и локално ниво. Реакциите, дилемите и ставовите кои се однесуваат на актуелните теми и состојби што го креираат секојдневното (не)функционирање на општеството, авторката ги пренесува преку објекти во кои во специфичен наративен манир дава свои коментари за состојбите.

Користејќи предмети кои имаат секојдневна употреба, Јанешлиева со извесни интервенции им го менува значењето, со што тие стануваат знаковни носители на повеќе асоцијативни пораки, без оглед дали тие се однесуваат на проблеми кои се политички, социјални, образовни итн., или пак се начин на кој се гледаме себеси во огледалата кои ја деформираат сликата за реалноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top