| четврток, 6 декември 2018 |

„Бисер балкански“ ечеше во прес-центарот! (ВИДЕО)

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија оствари историска победа за македонскиот фудбал над младинската репрезентација на Шкотска и се пласира на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Младите надежи беа пречекани во прес-центарот со песна, а се разви и оро. Прес-конференцијата по историската победа започна со „Бисер балкански“.

Избраниците на селекторот Боби Милевски во текот на овие квалификации одиграа јуначки десет натпревари победи шест пати и само еднаш беа поразени и тоа уште во првото коло од репрезентацијата на Исланд. Од тогаш па натаму се до крајот, токму селекторот и неговите избраници од натпревар во натпревар растеа и освојуваа победи против репрезентации со далеку поголем рејтинг од нашиот, Шкотска, Франција, Украина…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top