Младинската фудбалска репрезентација на Македонија оствари историска победа за македонскиот фудбал над младинската репрезентација на Шкотска и се пласира на Европското првенство во Полска во 2017 година.
Младите надежи беа пречекани во прес-центарот со песна, а се разви и оро. Прес-конференцијата по историската победа започна со „Бисер балкански“.
Избраниците на селекторот Боби Милевски во текот на овие квалификации одиграа јуначки десет натпревари победи шест пати и само еднаш беа поразени и тоа уште во првото коло од репрезентацијата на Исланд. Од тогаш па натаму се до крајот, токму селекторот и неговите избраници од натпревар во натпревар растеа и освојуваа победи против репрезентации со далеку поголем рејтинг од нашиот, Шкотска, Франција, Украина…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)