| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват, Црногорец и Словенец меѓу кандидатите за населување на Марс, Македонците за сега без интерес

За сега нема ниту еден Македонец заинтересиран за патувањето до Марс што го организира приватната компанија Марс оне, а за кое ќе добие билет само во еден правец, односно нема никогаш повеќе да се вратат дома.

–       За две недели пријавени се дури 78.000 заинтересирани кандидати за пат до Марс. Според пријавените, ова е најпосакуваната работа во историјата на човештвтото. Целта ни е половина милион кандадати, велат од Марс оне.

Според информациите на сајтот, најмногу кандидати има од САД 17.324, потоа е Кина со 10.241 апликанти и Велика Британија со 3.581 пријавени.

Пријавувањето ќе трае до 31 август, а процесот на селекција ќе трае две години. Планот е првата група составена од четворица астронаути и четворица волонтери да го насели Марс во 2023 година, а потоа ќе им се приклучуваат по четворица нови жители на секои две години.

Тие што ќе бидат одбрани ќе бидат свесни дека нема враќање. Ќе им бидат соопштени сите услови, па пред да тргнат самите треба да решат дали ќе одат или не. Таму ќе им биде се подготвено за новиот живот, кој ќе биде следен со камери и пренесуван на Земјата како реално шоу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top