Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно се врати на теренот по паузата поради повреда. Тој на стартот на почетокот на АТП трунирот во Шангај, Кина, го совлада Фабио Фоњини во два сета со по 6:3.
Србинот на терените се врати по едномесечна пауза, а во меѓувреме го пропушти турнирот во Пекинг. Во меѓусебните мечеви со Фоњини, Ѓоковиќ има биланс 6-0.
Во следната рунда, тој ќе се сретне со подобриот од мечот Григор Димитров (Бугарија) – Васек Посписил (Канада). Наградниот фонд на овој турнир изнесува 5,5 милиони американски долари, а бранител на трофејот е Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.