| четврток, 6 декември 2018 |

Несакано сценарио за Трајковски и Несторовски, на Палермо може да му се случи судбината на Парма

palermo

Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаат причина за загриженост откако беше обелоденето дека нивниот тим Палермо се соочува со сериозни финансиски проблеми. Ова го потврди и претседателто на сицилијанскиот клуб, Маурицио Зампарини, кој истакна дека „Палермо нема да има доволно пари за да ја добрши сезоната“ доколку не биде најден нов инвеститор.

Зампарини во последната година преговараше со бројни потенцијални купувачи кои изразија желба да станат сопственици на овој италијански прволигаш. Ниту еден од тие разговори не вроди со плод, но актуелниот претседателе убеден дека последната заинтересирана странка, конзорциум од Кина, би требало наскоро да потпише договор за да се спречи најцрното сценарио.

– Инвестирав над 100 милиони евра во Палермо, не можам да давам повеќе. Реалноста е таа – клубот нема да има пари за да ја заврши сезоната. Ни недостигаат 15 милиони евра за да можеме да функционираме беспрекорно, ќе треба да продадеме дел од играчите, но тоа најверојатно ќе значи испаѓање од лигата. Искрено се надевам дека ќе се договориме со Кинезите, тоа во моментов ни е единствена опција за клубот да се стабилизира – изјави Зампарини за италијанските медиуми.

Илија Несторовски има извонреден старт на сезоната, постигнувајќи три гола за Палермо со кои експресно ги придоби симпатиите на стручниот штаб и навивачите на овој тим. Вториот Македонец, Александар Трајковски, се повреди за време на подготовките и се уште нема одиграно ниту еден натпревар за Палермо сезонава, откако лани имаше одлична дебитантска сезона во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top