Во Дубаи започна изградбата на највисокиот облакодер во светот, кој треба да го собори рекордот на локалниот „Бурџ Калифа“ и неговите 828 метри, соопшти Франс прес.
Трошоците за изградба ќе изнесуваат 1 милијарда долари.
Емирот на Дубаи, Мохамед бин Рашид ал-Мактум даде старт на изградбата на „Дубаи Крик Харбор“ во центарот на градот-држава.
Облакодерот треба да биде завршен во 2020 година, кога ќе се одржи Светскиот саем во Дубаи. Во април градежниот гигант Емар ги објави плановите за изградба на зградата рекордер, која треба да има поголема висина од „Бурџ Калифа“.
Сепак висината на „Дубаи Крик Харбор“ не беше обелоденета.
Проектот е дело на шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валс. Облакодерот ќе биде опремен со платформа за набљудување и со 18-20 ката, во кои ќе бидат сместени ресторани и хотелски соби.
„Бурџ Калифа“, која е отворен во 2010 година, стана светска туристичка атракција и еден од бисерите во круната на Дубаи.
Ривалот „Дубаи Крик Харбор“ ќе има форма на минаре и ќе биде приврзан кон земјата со кабли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.