Чаир го доби и првиот двојазичен штаб на СДСМ. Со лого испишано и на македонски и на албански јазик, општинската двојазична организација отсега сите информации за активностите и изборната програма на граѓаните ќе им ги понуди и на двата јазика, а ова, како што вели Трајче Неделковски, член на партијата, било резултат на зголемената заинтересираност на граѓаните од различни заедници за членство, особено од етничките Албанци.
-Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ, изјави за ТВ 21.
Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски одби да одговори дали поставувањето на двојазичната табла во новото седиште во Чаир е чекор за придобивање на албанскиот електорат.
-Ние во Република Македонија јазикот го кристиме за да се разбереме со нашите сограѓани: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци. Она за што треба да зборуваме се новите вработувања, новите работни места, вели Кирацовски.
Најголемата опозициска партија СДСМ, во последно време и соопштенијата ги објавува на на албански јазик, што претставува новост на политичката македонска сцена. Од оваа партија истакнуваат дека свеста кај граѓаните е зголемена, а политичката определба не зависит од етничката припадност во една мултиетничка држава како што е Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)