| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците горди на Заев: СДСМ започна со спроведување на двојазичноста

Чаир го доби и првиот двојазичен штаб на СДСМ. Со лого испишано и на македонски и на албански јазик, општинската двојазична организација отсега сите информации за активностите и изборната програма на граѓаните ќе им ги понуди и на двата јазика, а ова, како што вели Трајче Неделковски, член на партијата, било резултат на зголемената заинтересираност на граѓаните од различни заедници за членство, особено од етничките Албанци.

 

Џеват Исени, новиот член на СДСМ, ја објаснува причината зошто се зачленил во оваа партија.

-Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ, изјави за ТВ 21.

Дека идејата на Заев за двојазичност веќе се спроведува и во пракса говори и фактот што денеска плакати испишани на албански јазик осамнаа и во општинскиот штаб на СДСМ во Кочани.
sdsm-albanski-mail

Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски одби да одговори дали поставувањето на двојазичната табла во новото седиште во Чаир е чекор за  придобивање на албанскиот електорат.

-Ние во Република Македонија јазикот го кристиме за да се разбереме со нашите сограѓани: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци. Она за што треба да зборуваме се новите вработувања, новите работни места, вели Кирацовски.

sdsm-meil

Најголемата опозициска партија СДСМ, во последно време и соопштенијата ги објавува на на албански јазик, што претставува новост на политичката македонска сцена. Од оваа партија истакнуваат дека свеста кај граѓаните е зголемена, а политичката определба не зависит од етничката припадност во една мултиетничка држава како што е Македонија.

 Лидерот на СДСМ претходно ја најави ваквата програма за спроведување на двојазичноста, а најавите за прес-конференции веќе месец наназад од партијата се испраќаат и на македонски и на албански јазик.
Во неодамнешното гостување на Заев на една од националните телевизии најави и дека не ја исклучува можноста на кандидатските листи да се најдат и имињата, на како што рече, интелектуалци Албанци социјалдемократи. Ваквите потези нема да бидат маша за поткусурување на албански партии, истакна Заев.
Според него не е исклучена опцијата тој да биде носител на пратеничката листа во шестата изборна единица, во која идлучуваат гласовите на Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top