Свиларскиот комбинат Нонча Камишова има над 10.000 метри квадратни деловен објект плус двор. Почнал со работа на почетокот на 1960 година, и бил дел од индустриските објекти во Велес, кој во тоа време по Скопје бил најголем индустриски центар во Македонија.
Во времето на СФРЈ, свилите кои ги носела Јованка Броз и белите одела на Тито се правеле од платна од овој свиларски комбинат. Дури и свилите и платната кои Тито им ги подарувал на странските државници се правеле токму во Нонча Камишова. Фабриката произведувала платна и свили, чаршафи, немало конфекција, а подоцна произведувала бели машки и женски костими, откако отвориле конфекција.
Вработените во тогашна Свилара, на Тито и Јованка им подариле бело платно при нивната посета во Велес.
Оттогаш до денес, Нонча Камишова не го помина транзицискиот период. Пропадна во осамостојувањето на Македонија. Имаше обиди за нејзино рестартирање, но и тие пропаднаа.
Дел од објектот е издаден на други приватни компании, но најголемиот дел сега е во сопственост на СТС Текстајлс од Германија кој стартува со работа за две недели и треба да вработи 1.000 лица од Велес и околината.
Во 2007 та година Велес и околината имало 15.500 лица невработени денес ситуацијата е поинаква. Денес во 2016-та година има 7.400 лица невработени благодарение на политиките на Владата и отворање на нови работни места. Веќе постоечките инвестиции како МАРКАРТ, БРГ, вклучувајќи ја и оваа новата инвестиција дополнително ќе го намалат бројот на невработени во Велес и околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)