| четврток, 6 декември 2018 |

„СТС текстаjлс“ ја рестартира „Нонча Камишова“: Германците ја купија велешката Свилара која им шиела на Тито и Јованка

Свиларскиот комбинат Нонча Камишова има над 10.000 метри квадратни деловен објект плус двор. Почнал со работа на почетокот на 1960 година, и бил дел од индустриските објекти во Велес, кој во тоа време по Скопје бил најголем индустриски центар во Македонија.

Во времето на СФРЈ, свилите кои ги носела Јованка Броз и белите одела на Тито се правеле од платна од овој свиларски комбинат. Дури и свилите и платната кои Тито им ги подарувал на странските државници ­ се правеле токму во Нонча Камишова. Фабриката произведувала платна и свили, чаршафи, немало конфекција, а подоцна произведувала бели машки и женски костими, откако отвориле конфекција.

Вработените во тогашна Свилара, на Тито и Јованка им подариле бело платно при нивната посета во Велес.

tito-jovanka

Оттогаш до денес, Нонча Камишова не го помина транзицискиот период. Пропадна во осамостојувањето на Македонија. Имаше обиди за нејзино рестартирање, но и тие пропаднаа.

Дел од објектот е издаден на други приватни компании, но најголемиот дел сега е во сопственост на СТС Текстајлс од Германија кој стартува со работа за две недели и треба да вработи 1.000 лица од Велес и околината.

Во 2007­ та година Велес и околината имало 15.500 лица невработени денес ситуацијата е поинаква. Денес во 2016-­та година има 7.400 лица невработени благодарение на политиките на Владата и отворање на нови работни места. Веќе постоечките инвестиции како МАРКАРТ, БРГ, вклучувајќи ја и оваа новата инвестиција дополнително ќе го намалат бројот на невработени во Велес и околината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top