Во Центарот за обука во Идризово вчера по едногодишна успешна обука свечено беа промовирани новите 654 полициски службеници, од кои 143 се жени.
Во обраќањето директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков истакна дека се очекува од новите полициски службеници максимална посветеност, чесност, хуманост и одговорност при остварувањето на задачите. Им порача дека од нив ќе зависи борбата со сите предизвици и сите видови криминал со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но и обезбедувањето на државните граници.
За потсетување, по завршувањето на претходната група кадети се случи скандал откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не сакаше да им ги потпише решенијата на новите полициски службеници, по што следуваа протести пред Министерството за внатрешни работи. По неговото заминување од функцијата на кадетите им беа потпишани решенијата за вработување кои им следуваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.