Вчера околу 19.15 часот во Штип на ул.„Стојан Рибата“ пред пекарата, непознат сторител извршил разбојништво над 16-годишно малолетно женско лице од Штип, на начин што насилно и го одзел мобилниот телефон марка „алкател оне тач поп“ кој и бил во раката и ја удрил со рака во пределот на главата, нанесувајќи и повреда (крварење од носот), по што побегнал од местото на настанот.
ПС ОН-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.