Претплатниците во мобилната телефонија во Македонија месечно во просек зборуваат 197,83 минути, а иницираат по 104 повици, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации.
Најголем дел од повиците се остварува во сопствена мобилна мрежа и изнесува 143,61 минути (72,59 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државава е значително помал и изнесува 49,03 минути (24,79 проценти). Во сопствена фиксна мрежа, пак, сообраќајот изнесува две минути, а кон други фиксни телефонски мрежи во Македонија и странство 2,36 минути, односно 0,82 минути.
Времетраењето на единечен повик во 2017 година е намалено кај сите три оператори во споредба со претходната година. Повик на корисниците на Македонски Телеком лани во просек изнесувал 1,73 минути, на оне.ВИП 2,01 минута, а на Лајкамобајл 2,20 минути, покажува Годишниот извештај на АЕК за развој на пазарот за електронски комуникации.
На крајот на минатата година трите оператори имале вкупно 2.008.008 активни претплатници. Притоа, оне.ВИП Оператор учествува со 49,21 проценти, а Македонски Телеком со 47,94 проценти. Лајкамобајл кој започна да ги нуди своите услуги на пазарот за мобилна телефонија почнувајќи од третиот квартал од 2016 година има пазарен удел од 2,85 проценти во вкупниот број активни претплатници кои во последните три месеци предизвикале на некој начин електронски комуникациски настан.
Бројот на фиксни линии по основ на сите технологии во 2017 година изнесува 366.529 и е намален за 0,50 проценти во споредба со 2016 година. И покрај тоа што на пазарот понудата се зголемува односно работат повеќе оператори кои нудат различни услуги до крајните корисници целокупниот обем на сообраќај во 2017 година во однос на претходната бележи опаѓање за 21,76 проценти. Истото се забележува и во однос на вкупниот број на појдовни повици и тој параметар во однос на 2016 година е намален за 21,11 проценти.
Вкупните приходи остварени на пазарот за електронски комуникации бележат пад од 0,29 проценти во 2017 година во однос на 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претепан до смрт поради мобилен – детали за убиството во Гевгелија!
-
Ако ја избришете оваа апликација батеријата на телефонoт ќе ви трае подолго
-
Јункер повторно во елемент: Жена ми ме бара. А не, не е жена ми, Меркел е!
-
Мајка го вклучила мобилниот телефон од својот покоен син и открила страшна вистина