Жителка на Тајланд се разбудила во три часот наутро поради необична врева која доаѓала од нејзиниот двор во куќата. Кога се симнала по скалите, видела огромен питон кој го јаде нејзиното куче.
Кломпан Киван повикала спасувачка служба за заштита на животните, но тие дошле предоцна. Кучето било мртво.
Кога спасувачите се обиделе да ја фатат змијата, таа го плукнала кучето и тргнала во бегство, но сепак, била фатена и пуштена во дивината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.