| четврток, 6 декември 2018 |

Што се слави денеска во домот на Северина и Игор?

Драган Којиќ Кеба денеска го слави 56. роденден, а снаата Северина и синот Игор му испратија симпатични поради преку социјалните мрежи.

Поради деловни обврски Севе денеска нема да може да го слави роденденот со остатокот од семејството Којиќ, но затоа му честитала на „инстаграм“. Таа објави заедничка фотографија под која напиша: Среќен родеден на најдобриот свекор на светот. Те сакаме.

Нејзиниот сопруг преку видео снимка му испрати порака на татка си.

– Велат дека кога човек ќе порасне сам одбира кој ќе му биде татко, мајка, брат или сестра. Јас тебе те одбрав бидејќи сфатив дека никој нема да го пронајде таткото во Господ ако во својот татко не види дел од Господ. Среќен роденден. Ти си човек за кого времето никогаш не постоело, ниту ќе постои!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top