| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?

 

Nikola-Srbov-150.jpg

Колумнист: Никола Србов

Бид­на уште еден, ју­би­ле­ен, кон­грес на СКМ, или СКМ-ПДП, или СДСМ, кој ка­ко ми­лу­ва та­ка, не­ма да згре­ши во ни­кој слу­чај. Из­не­се­но­то на кон­гре­сот ли­че­ше на ли­ци­та­ци­ско над­да­ва­ње, на ве­ќе спро­ве­де­ни про­е­кти За­ев до­да­ва плус уште ед­на ци­фра, ако Гру­ев­ски ка­жал ќе на­пра­вам 100 гра­дин­ки, За­ев ви­ка јас ќе на­пра­вам 101 гра­дин­ка, ако Гру­ев­ски ка­жал ќе из­гра­дам авто­пат од-до, За­ев ви­ка јас ќе из­гра­дам авто­пат од-до и плус еден со­как. Бе­зи­деј­но е во Со­ју­зот, са­мо по­ли­ти­кант­ство, ама­тер­ско.

На­стра­на три­ви­јал­ни­те кон­грес­ни фра­зи на ли­де­рот, ју­би­леј­ни­ов кон­грес на СДСМ кај ме­не отво­ри ди­ле­ма ко­ја ќе се оби­дам да си ја раз­јас­нам во про­дол­же­ние. Ди­ле­ма­та ми е да­ли пар­ти­ја­та е це­лос­но кид­на­пи­ра­на или е вра­те­на на неј­зи­ни­те ста­ри вред­но­сти, вред­но­сти во­ста­но­ве­ни пред се­дум­де­сет и ед­на го­ди­на, по­точ­но на 16.04.1945 го­ди­на? На кон­гре­сот ме­не најв­пе­чат­лив ми бе­ше сим­бо­лот-ло­го­то на­ме­не­то за на­ста­нот на За­ев, од та­му, всуш­ност, ми про­из­ле­гу­ва ди­ле­ма­та. Сим­бо­лот на СДСМ е жол­та пе­то­кра­ка со цр­ве­на ро­за, ко­ја пос­лед­ни­те го­ди­ни ја мо­ди­фи­ци­раа и вмет­наа стис­на­та ту­па­ни­ца. На кон­гре­сот сим­бо­лот на СДСМ бе­ше об­ви­ен со не­кол­ку по­го­ле­ми пе­то­кра­ки и тие беа ша­ре­ни. Од пар­ти­ја­та со­оп­шти­ја де­ка тоа би­ло во чест на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и пра­ша­ње­то кој ко­го кон­тро­ли­ра. Да­ли СДСМ и де фа­кто ста­на ма­ри­о­не­та во ра­це­те на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја е ед­на од мно­гу­те ин­ста­ла­ции на Со­рос? Да­ли „ша­ре­ни­те ре­во­лу­ци­о­не­ри“ ја кид­на­пи­раа пар­ти­ја­та од членс­тво­то на СДСМ?

Ста­ро­то и ло­јал­но членс­тво на СДСМ, кое со го­ди­ни ра­бо­те­ло за пар­ти­ја­та, се­га е кон­тро­ли­ра­но и во­де­но од „ша­ре­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри“ кои им де­фи­ли­ра­ат низ шта­бот. Членс­тво­то, кое ра­бо­те­ло од љу­бов и од не­ка­ква иде­о­ло­ги­ја, се­га стои во пос­лед­ни­те ре­до­ви зад раз­ни про­фи­те­ри, са­мо­прог­ла­се­ни ин­те­ле­кту­ал­ци и екс­пер­ти. Ло­јал­но­то членс­тво, кое на се­ка­кви вре­мен­ски ус­ло­ви ра­бо­те­ло на те­рен, аги­ти­ра­ло, оде­ло по ми­тин­зи и про­те­сти, се­га е за­ме­не­то со „ело­квент­ни“ ко­сту­ми­ра­ни „екс­пер­ти“ кои де­ба­ти­ра­ат со два то­па хар­ти­ја пред нив. Членс­тво­то, кое од љу­бов ра­бо­те­ло за пар­ти­ја­та без ни­ка­ков на­до­мест, се­га е за­се­не­то од но­ви ли­ко­ви со го­ле­ми гран­то­ви. Тоа членс­тво со го­ди­ни пла­ќа­ло чле­на­ри­на во СДСМ, од таа чле­на­ри­на се­га се де­ли пла­та на но­во­вра­бо­те­ни­те „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ во пар­ти­ја­та. Оста­на­ти­от дел од „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“, тие што не се вра­бо­ти­ја во ор­га­ни­те на пар­ти­ја­та, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ го вдо­ми во СЈО. Зго­ра на се­во ова, до­бит­ни­те ме­ста на пра­те­нич­ки­те ли­сти за на­ред­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ги до­би­ја пла­те­ни­те чле­но­ви на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, а членс­тво­то до­би ед­но го­ле­мо ни­што. Две го­ди­ни членс­тво­то на СДСМ бе­ше ва­де­но на на­сил­ни про­те­сти пред­во­де­но од „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ со ин­ка­си­ра­ни де­се­ти­ци ил­ја­ди евра по „ре­во­лу­ци­о­нер“.

kol214-3-srbov-sdsm-simboli2

Да ре­зи­ми­рам за пр­ви­от дел од ди­ле­ма­та, ка­ко се кид­на­пи­ра пар­ти­ја пре­ку га­зе­ње на членс­тво­то. Во јав­ност се кри­еш де­ка си сим­па­ти­зер на СДСМ, до­де­ка членс­тво­то ги­не за пар­ти­ја­та, те­бе са­мо до­ма те зна­ат; вле­гу­ваш во ед­на од ор­га­ни­за­ци­и­те на Со­рос; до­го­ва­раш до­бар грант за пра­ва­та на пти­ци­те-пре­сел­ни­ци кои пре­ле­ту­ва­ат над Ма­ке­до­ни­ја; одиш на про­те­сти во 18 ча­сот отка­ко уба­во ќе се нас­пи­еш; веж­баш би­цепс пре­ку фр­ла­ње бо­ја по спо­ме­ни­ци; се вра­бо­ту­ваш во пар­ти­ја­та или во СЈО; се ста­ваш на до­бит­но ме­сто на пра­те­нич­ка ли­ста; вле­гу­ваш во пар­ла­мент ка­ко пра­те­ник. Чист про­фит. За ед­на го­ди­на си кид­на­пи­рал пар­ти­ја и си ги де­ва­сти­рал си­те што со го­ди­ни ра­бо­те­ле за пар­ти­ја­та, тие се­га ќе ра­бо­тат за те­бе. Се­то тоа со ед­на го­ди­на пла­те­на ра­бо­та во пар­ти­ја­та, ко­ја по не­кои пра­ви­ла тре­ба да би­де во­лон­тер­ска. Мис­лам де­ка си од­го­во­рив на пр­ви­от дел. Да, кид­на­пи­ра­на е, тоа ве­ќе го знае и це­ла­та јав­ност, но тоа да го оста­ви­ме на членс­тво­то да си го ре­ши низ ор­га­ни­те на Со­ју­зот.

Дру­ги­от дел од ди­ле­ма­та ми бе­ше вра­ќа­ње­то на вред­но­сти­те од тем­на­та до­ба на СКМ. По­ме­ѓу но­во­дој­де­ни­те „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ во СДСМ про­ве­ју­ва ра­ди­кал­на­та ле­ви­чар­ска иде­о­ло­ги­ја. Ре­во­лу­ци­о­не­ри, ате­и­сти што се кр­стат, ко­му­ни­сти што се кр­стат во бер­зан­ски шпе­ку­лант, кон­тра­ди­ктор­но­сти кол­ку са­ка­те. Па ко­га ве­ќе ја од­зе­маа пар­ти­ја­та од ра­це­те на членс­тво­то, ред­но е те­мел­но да ја вра­тат на ста­ри­те па­те­ки и да се игра по нив­ни пра­ви­ла. По тој по­вод, Зо­ран За­ев во 2016 го­ди­на, во де­мо­крат­ско оп­штес­тво кое се на­о­ѓа на европ­ско тло, на кон­гре­сот кон при­сут­ни­те се обра­ќа­ше со „дру­га­ри и дру­гар­ки“, не­до­сти­га­ше уште го­вор­ни­ци­те да ги ос­ло­ву­ва со „по­ли­тич­ки ко­ме­са­ри“.

Во Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз на Ма­ке­до­ни­ја на го­ле­ма вра­та вле­гоа ра­ди­кал­ни ко­му­ни­стич­ки еле­мен­ти, и тоа не е во­оп­што на­ив­но, при­пад­ни­ци­те на „Ле­ви­ца“, чи­и­што чле­но­ви вле­гоа во СДСМ, го сквер­на­веа спо­ме­ни­кот со кој се од­да­ва по­чит на Пр­во­то за­се­да­ние на АС­НОМ. Ре­чи­си си­те лич­но­сти што се прет­ста­ве­ни на тој спо­ме­ник по уки­ну­ва­ње­то на АС­НОМ, од стра­на на Со­ју­зот чиј­што нас­лед­ник е СДСМ, за­вр­ши­ја по ју­гос­ло­вен­ски­те за­тво­ри и ло­го­ри. Ли­ни­ја­та на ко­ја се рас­пос­ла­ни иде­о­ло­ги­и­те не е пра­ва, таа е круж­на, нај­го­ре се спо­ју­ва­ат две­те то­та­ли­та­ри­стич­ки иде­о­ло­гии, ко­му­ни­стич­ка­та и фа­ши­стич­ка­та по­ме­ѓу кои има ра­венс­тво. Исто ка­ко ли­ни­ја­та та­ка и пар­ти­ја­та, не бе­ле­жи про­грес, се вр­ти во круг, кој се­га го за­тво­ра. Да­ту­мот што го спом­нав на по­че­то­кот и сквер­на­ве­ње­то на спо­ме­ни­кот на АС­НОМ од стра­на на ра­ди­кал­ни­те еле­мен­ти во СДСМ има­ат не­што за­ед­нич­ко. На тој да­тум, 16.04.1945 го­ди­на, е уки­нат Пре­зи­ди­у­мот на АС­НОМ и во Ма­ке­до­ни­ја е вос­по­ста­ве­на но­ва власт ис­пра­ќај­ќи ја ста­ра­та во ло­гор, по што поч­на мрач­ни­от пер­и­од на ко­му­ни­стич­ки­от ре­жим. Исто ка­ко што то­гаш бес­прав­но ги за­тво­ра­ле чле­но­ви­те на Пре­зи­ди­у­мот на АС­НОМ, та­ка де­нес Ка­ти­ца Ја­не­ва бес­прав­но го ли­ши од сло­бо­да единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски гра­до­на­чал­ник во Ал­ба­ни­ја, Ед­монд Те­мел­ко, тоа Ја­не­ва го приз­на и јав­но. „Ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“ во СДСМ, кои сквер­на­веа спо­ме­ни­ци и се по­ви­ку­ва­ат на ста­ри­те ко­му­ни­стич­ки тра­ди­ции, се­га го об­ви­ткаа сим­бо­лот на пар­ти­ја­та. Да, се вра­ти­ја на ста­ри­те вред­но­сти.

За­ев од по­зи­ци­ја на пред­вод­ник на ра­ди­кал­ни ле­ви­ча­ри збо­ру­ва­ше за по­е­ди­не­цот во оп­штес­тво­то. Прет­по­ста­ву­вам де­ка ко­му­ни­сти­те во не­го­ва­та пар­ти­ја не му об­јас­ни­ле де­ка тие по­е­ди­не­цот го мно­жат со ну­ла, де­ка ја уби­ва­ат се­та ин­ди­ви­ду­ал­на ини­ци­ја­ти­ва, де­ка ве­ру­ва­ат во чо­пор, ди­ре­кти­ви и пос­луш­ност.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top